Германската авиокомпанија „Луфтханза груп“ соопшти дека и покрај мерките за штедење, минатата година претрпела нето-загуба од 6,7 милијарди евра поради пандемијата на Ковид-19, пренесува агенцијата Анадолија (АА).
Според соопштението на оваа компанија, во 2019 година се реализирани приходи од 36,42 милијарди евра, додека оваа бројка минатата година е намалена за 63 отсто, односно на 13,6 милијарди долари.
Се истакнува дека оваа компанија минатата година претрпела загуба од 6,7 милијарди евра.
Според соопштеното, компанијата на крајот на 2020 година поседувала ликвидност од 10,6 милијарди евра.
Вкупниот број на патници на „Луфтханза“ во 2020 година се намалил за 75 отсто во споредба со претходната година.