Вториот кошаркар во НБА лигата по зборовите на „кралот“ Леброн, покрај Девон Букер, кој е најпотценет во секаква смисла, Демиен Лилард, повторно постигна одлучувачка тројка и му донесе победа на својот тим.
Портланд и Голден Стејт синоќа ги вкрстија копјата во крајно неизвесен и интересен дуел. Популарниот „Dame“ постигна можеби и скромни за него 22 поени, но последните три за Блејзерси вредеа колку 50. На 15 секунди до крај на натпреварот и при резултат 106:105 за некогашните шампиони, Лилард ја презеде одговорноста и го направи она што во минатото неретко му беше непознато.
Шут за три поени, па одлична одбрана против Дрејмонд Грин за офанзивен фаул и окончување на победата.
DAME TIME CAME UP CLUTCH ⌚️ pic.twitter.com/ZmvryoQbCT
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 4, 2021
-Сега е време да притиснам, морам да креирам прилика, дури и ако е тешка. Што и да се случи јас морам да ја ставам ногата на гас повеќе и да се обидам да направам нешто да се случи, одговори Лилард за „ESPN“ на прашањето што мислел во моментот кога истекувале секундите на семафорот.
Друштво на Лилард во постигнување поени му правеше и човекот со „втора младост“, Кармело Ентони. Ентони забележа 22 поени, додека на спротивната страна Стеф Кари постигна 35 поени.
Фото:
football24.news