„Не тероризира кога е пијан“ – соседите на Александар Берчек тврдат дека актерот е неподнослив – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 1:36 PM

„Не тероризира кога е пијан“ – соседите на Александар Берчек тврдат дека актерот е неподнослив

Соседите на славниот актер Александар Берчек кој во последно време е актуелен бидејќи една од куќата во популарната серија „Тајните на виновото лозје“ работена според изгледот на неговата куќа пред неколку години  откриле дека го знаат како многу незгодна личност.

Станува збор за селото Мала Ремета во подножјето на Фрушка гора, каде актерот има куќа, а соседите навеле дека Берчек „секојдневно ги тероризира“ поради „проблеми со пиењето“.

– Во саботата наутро пиел ракија со соседот кој му донел полно шише, потоа го земал тримерот да сече трева, толку бил пијан што со тримерот почнал да коси по асфалт и кога сфатил што направил, го фрлил алатот и отишол да спие. Неговото однесување е навистина неподносливо не тероризира нас овде и воопшто немаме мир поради него, раскажала соседката која сакала да остане анонимна бидјќи како што рекла тогаш, актерот има свои фанови во селото кои и ја каменувале куќата.

Ни соседот на актерот не сакал да му се отркие идентитетот, а во разговорот немал зборови за пофалба за легендарниот актер.

Извор и фото: Мондо.рс