Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваaт 323 – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 1:51 PM

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваaт 323

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало 11 нови приеми на пациенти и три на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени тројца пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.