„Во брак влегов како папучар“ – Војо Неделковиќ низ смеа раскажува како ја запознал сопругата – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 12:33 PM

„Во брак влегов како папучар“ – Војо Неделковиќ низ смеа раскажува како ја запознал сопругата

Водителот Војо Недељковиќ раскажа како ја започнал емотивната врска со Маја со кого е во среќен брак  со неговата изјава насмеа многумина.

Војо својата сопруга ја запознал на Третиот канал каде работел своевремено, а блзиок контакт воспоставиле на манифестацијата на која наместо Војо требало да ја води Дејан Пантелиќ.

– Можеби сега Деки би бил во брак со неа, рекол низ насмевка во емисијата „Од А до Да“ и додал:

– Од таа манифестација во наредните месеци се слушавме и започнавме врска.

Водителот вели дека нивниот однос многу брзо се развивал,  по само неколку месеци почнале да живеат заедно, а и нивниот син се родил за брзо време.

– Кога Маја остана бремена, не сакавме да правиме свадба. Ние својот потпис го ставивме седум дена откако одлучивме врската да ја официјализираме – открива водителот.

Свадбената церемонија ја направле на 7.август, а синот Ѓорѓе на свет дошол на 10. август, често се шегуваат и велат дека тоа е „атомско бебе“, направено за три дена.

Уште еден интересен момент што го одбележува нивното венчавање е денот кога го изговориле судбоносното „Да“.

Со оглед на тоа што пријателите често го притискале  со прашањето. „Кога ќе се жениш“, а тој често се шегувал дека во четврток.

– Тоа е еден  од ретките денои кога не работам, а и глуп ден е, ништо не се случува во четврток, па да го пополниме денот. И беше четврток, се присетува тој.

Војо често знае да се шегува на своја сметка па имајќи во предвид дека на венчавката носел бели ленени пантолони и папучи, за себе вели дека како папучар влегол во брак.

 

Izvor i foto: pulsonline.rs/