Дебата „Пописот е статистика, а не политика” – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 7:59 AM

Дебата „Пописот е статистика, а не политика”

ЦИВИЛ денеска во Штип ќе организира панел дискусија „Попис: Статистика, не политика”.

– Во фокусот на панел дискусијата е потребата да се одвои политиката од статистиката, бидејќи пописот тоа и е статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. За јавноста е важно да се слушнат ставовите и на штипските учеснички и учесници во панел дискусијата на кои, меѓу другото, ќе им дадеме простор да споделат и некои основни информации за текот на подготовките на пописот, како и неговото значење за развојот на општините, економијата, стопанството и градењето политики и практики на локално и национално ниво, посочуват од ЦИВИЛ.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од дебатата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ