Пејачката Лепа Брена важи за добра соседка и луѓето кои живеат во нејзина близина имаат само пофални зборови за пејачката.
Така една тинејџерка која живее близу Брена рекла дека пејачката и нејзиниот син Виктор први дошле на помош кај нејзиното семејство кога мислеле дека имаат крадци.
-Имаме одличен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, зборуваме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека не сака. Идеме и ние кај неа. Љубезно не пречекува во домот. И на кафе, и на разни прослави. Се помагаме исто така. Еднаш кај нас се активираше алармот, таа и Виктор веднаш дотрчаа со нож. Мислеа дека крадци сакаат да ни влезат во куќата. Супер се навистина, рекло девојчето.
Една соседка рекла дека Брена е секога спремна да помогне.
-Еднаш тука изби пожар, таа излета на улица среде ноќ. Сите се собравме, а таа рече: Соседи, јас повикав полиција и пожарникари. Не беше пожар во прашање, некој нешто запалил, но ветерот чадот го носеше кај нејзината куќа па затоа повикала пожарникари. Таа е домаќинка во вистинска смисла на зборот, а Боба е вистински другар.Тој на мајсторите ќе им даде јагнешко свинско, а брена не толкав расипник. Некои луѓе кои работеа кај неа како помошници дале отказ бидејќи не ги плаќала многу, истакнала жената.
Извор: Ало.рс