Битолчанецот кој се врати од Занзибар е заразен со британскиот сој на коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 4:25 PM

Битолчанецот кој се врати од Занзибар е заразен со британскиот сој на коронавирусот

Според анализите што денеска МАНУ ги направи на брисот на пациентот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на коронавирусот.

Министерството за здравство информира дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена и анализа на вториот пациент кој исто така патувал за Занзибар, а се вратил позитивен на коронавирус и моментално е хоспитализиран.

Инаку се работи за сопружници од Битола кои биле на одмор во Занзибар, а симптомите на коронавирус ги почувствувале по враќањето во земјава.

Едниот од сопружниците  пред два дена со акутно воспаление на бубрезите е префрлен од Битола во струшката болница за Нефрологија, а неговата сопруга е на болничко лекување во ГОБ „Осми септември“ во Скопје.