Сакам да успеам со глас, не со разголување – Мими Јовановска ја фасцинираше публиката и откри интересни детали зад камерите на популарното шоу – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 7:33 PM

Сакам да успеам со глас, не со разголување – Мими Јовановска ја фасцинираше публиката и откри интересни детали зад камерите на популарното шоу

Младата и убава велешанка Мирјана Јовановска со своето учество во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ја освои целата македонска јавност. Таа за ММС открива дека од мала сонувала да стане пејачка, а сцената на „Гранд“ ја одбира бидејќи смета дека е најпреспективна во моментов кога станува збор за музиката.

Мими обожува да пее народни песни, и со нејзините изведби секогаш го импресионира жирито, но и публиката, па со тоа оправдана е нејзината популарност.

-Секако дека очекував затоа што го давам својот максимум и многу вложувам во себе, затоа се пријавив на таква голема сцена и на такво големо натпреварување како што е „Гранд“, открива Мими  и додава дека чувствува одговорност кон себе и кон луѓето кои ја поддржуваат, но за неа сето тоа преставува големо заоволство.

И покрај тоа што Мими има позитивна трема на нејзините настапи успева да го даде својот максимум на сцената, но понекогаш се случува и мало потфрлување, па сепак, како што тогаш рече жирито, дека тоа не го намалува нејзиниот квалитет и доби позитивни коментари.

-Искрено се надевав дека ке поминам затоа што до тој круг имав многу покажано и верував дека таа грешка нема да го загрози моето понатамошно влегување во следен круг.Грешките се за луѓе.Тоа се случува и на најдобрите,  вели таа.

Жирито ја советуваше нашата Мирјана за да биде 100 % комплетна пејачка мора да поработи на својата енергичност, како што и самата натпреварувачка вели дека е свесна за своите грешки, но се туди да ги поправи.

-Јас сум некоја која е свесна за своите грешки.Секако дека треба да работам уште на себе и само така и ќе успеам.Ја прифаќам секоја нивна критика најдобронамерно и сметам дека имаат кридибилитет за тоа, објасни Мими..

 

Ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, кој е задолжен за неа, за нејзниот настап, за изборот на песните.

-Соработката со него е многу успешна и таков уметник како што е Џенан може само да ми помогне а не да ми одмогне.Задоволство е да се соработува со Џенан.Горда сум што сум во негов тим, открива Мими.

Ова шоу е популарно и кај нас, не само затоа што настапуваат наши надежни уметници, но и поради тоа што вака организирано и менаџирано шоу нема да се направи кај нас. Оттаму и интересот на јавноста што се случува зад големата сцена, она што на малите екрани не може да се види. Мими открива дека зад камерите во студиото е многу интересно и забавно, натпреварувачите се дружат, но дали е така и со членовите на жирито, осбено со Јелена Карлеуша.

-Јелена Карлеуша е големо музичко име.Јас не сум имала прилика да ја запознаам позади сцена, но она што го знам од нејзините кандидати е дека таа е голема спротивност од она што е пред камера.Што значи дека е пријатна и секогаш тука за нејзините кандидати. Кога јас би имала можност да бирам меѓу Марија или Карлеуша, повеќе би се пронашла во енергичноста на Марија Шерифовиќ, вели таа.

Поголем дел од кандидатите се плашат од коментарите на жири комисијата, кои се оправдани. Но, Мими вели дека нема страв од ниеден од нив.

-Покрај Џенан омилена ми е Ана Бекута.Не се плашам од нивните коментари, искрено се плашам од коментарите на мајка ми. Хахаха, искрено одговори Мими.

Најголема поддршка на Мими е нејзиното момче Филип, кое ја придружува на секое патување за Белград, а со кој се заедно веќе неколку години.

– Секогаш ми е поддршка, ми укажува на мојте грешки при настапот и се труди да ме мотивира,  вели таа.

 

 

Жирито најчесто Мими ја фали и не вели само „твојот свилен глас“ туку и твојата скромност.  Но, Мими не смета дека пресудно за поголем успех, меѓу другото, е разголувањето и  дека таа нема да ја  користи сексапилноста во кариерата.
– Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината.

Весна Петровска