Поранешните освојувачи на Лигата на Шампионите летово се засилија на голманската позиција, доведувајќи го во своите редови голманот на Рен, Едуар Менди. Сенегалецот сосема ги оправда очекувањата и се покажа како стабилна опција за Френк Лампард и сега Томас Тухел.
Но „клин шитовите“ во Премиер Лигата и Лигата на Шампионите, за управата на клубот од западен Лондон очигледно не значат којзнае колку, со оглед на тоа дека „сините“ се силно заинтересирани за голманот на Милан, Џиџи Донарума, пренесува „Eurosport“.
На младиот италијански чувар на мрежата летово му истекува договорот со црвено-црните, а засега нема навестување за негово продолжување. Италијанските медиуми шпекулираат за наводното несогласување помеѓу Донарума и управата на Милан околу годишната плата и задолжителната провизија од новиот договор за супер-агентот Мино Раиола, кој ова лето со Халанд, Лукаку и Донарума ќе го „тресе“ трансфер пазарот.
Менди пред неколку дена наполни 29 години, па можеби неговата возраст, покрај исклучителниот голмански талент на Донарума, претставува причина за дополнителни аквизиции кај Челзи на таа позиција.
Фото:
novibet.co.uk