Дино Мерлин (58) првпат јавно проговори за болеста и за тешкиот период кога мислел да се повлече од сцената.
– Ова прв пат ќе го кажам, во еден период од својот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија тоа не би го посакал на никого. Тоа се манифестираше така што ништо не ме интересираше, ниту живот, ниту смрт. Тоа беше период кога бев билка. Се и сешто ми паѓаше на памет, размислував да ја напуштам музиката. Но, одлучив да продолжам и во 2000. го снимив албумот „Средина“ на кој сум многу горд, изјави Мерлин.
Се присети и на периодот кога рабтел и во фабрика.
– На паузата ги апишував стиховите на хартоја, а колегите ми се смееја. Им реков дека еден ден ќе ме гледаат на телевизија, дека ќе бидам славен, раскажа Дино Мерлин во една емисија.
Мерлин се присети и на времето кога во Сараево имаше војна, која повеќе од 1.400 денови биле под окупација.
Гледал како му умирале колегите, пријателите, менаџерот.
– Беше лотарија кога излегувате надвор или нема да се вратите, или ќе се вратите како инвалид, истакнал пејачот.
Во разговото ја спомнал и Србија во која своевремено се пишувале и петиции против неговите концерти, но сепак ги одржа и тоа дури 3 еден по друг.
– Знаете, јас сум роден во Стариот град на Сараево, а први соседи ми се Србите. Немам предрасуди, и тешко од мене е да направите националист, а не пак шовинист. Беше тоа една мала група на агресивни луѓе кои не ги почитуваа фактите, а огромна бројка на луѓе покажа што мисли за мене. За само неколку дена се продадоа влезиниците за сите три концерти. Можев да направм уште неклку, но толку беа за таа турнеја, истакнал Мерлин.
Извор и фото: Телеграф.рс