(Видео) Се пеат омилените песни – Погреб на Бандиќ, градоначалникот на Загреб – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 12:52 PM

(Видео) Се пеат омилените песни – Погреб на Бандиќ, градоначалникот на Загреб

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ненадејно почина во саботата на 66-годишна возраст. Последното испраќање се одржува на градските гробишта Мирогој. Во Загреб беше прогласен Ден на жалост, сите церемонии беа откажани, а знамињата се спуштени на половина копје.

На погреб на Бандиќ се и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на Сараево, Абдулах Скака Фото: tportal.hr

Последен поздрав до градоначалникот Бандиќ ќе испратат соработникот Љубо Јурчиќ и вршителот на должноста градоначалник на Загреб, Јелена Павичиќ Вукичевиќ. Религиозната церемонија ќе ја води свештеникот монс. Златко Корен.

Заедно со семејството и најблиските соработници, на погребот се очекува да присуствуваат и високи државни функционери: претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ, премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за хрватски ветерани Томо Медвед и министерот за надворешни и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Градоначалникот Бандиќ на последното почивалиште е испратен  со омилените песни: „Очи у очи“, „На омишкој стини“ и „Под брајде“ во изведба на клапата на хрватската морнарица „Свети Јурај“.

Извор и фото: vecernji.hr

Posljednji ispraćaj gradonačelnika Milana Bandića.

Izvještava: Mia Mitrović

Posted by Večernji list on Wednesday, March 3, 2021