Емина го тужи Мустафа Сандал – ангажирала цел адвокатски тим! – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 10:49 AM

Емина го тужи Мустафа Сандал – ангажирала цел адвокатски тим!

Разводот беше убав, исто како и нашиот брак, изјави Емина Јаховиќ за српските медиуми пред повеќе од две години, откако ги потпиша документите за спогодбен развод со Мустафа Сандал.

Но, се чини дека поп-вездата немаше идеја дека по само неколку месеци, ќе почувствува што значи да се разведе и да остане сама со децата!


Нејзиниот сопруг, турската музичка sвезда Мустафа Сандал, се обиде да и укаже на не толку убав начин дека е навистина сама, во  секоја смисла на зборот.

Како што Ало.рс ексклузивно дознава, Сандал веќе 26 месеци не плаќа алиментација, на што се обврзал со договорен развод со Јаховиќ, и тие изнесуваат 10.000 лири по дете, или 1.200 евра, што е 62.400 евра за изминативе 26 месеци.

– Првите неколку месеци по разводот, Мустафа даде пари, а потоа престана. Емина не сакаше да го присили, па на сите можни начини помина преку неговото ноншалантно однесување. Таа се обиде ништо да не им недостига на своите синови, работеше цело време и заработуваше пари. Но, во еден момент, таа сфати дека парите не се проблем, туку повеќе фактот дека тој ја занемарува улогата на татко и не ги зема во предвид потребите на Јавуз и Јаман – вели изворот Ало.рс, и додава:

– Емина реши да разговара со Мустафа и да му укаже како се одвиваат работите. Тој наводно објаснил дека има финансиски потешкотии, но дека ќе реши сè. Имајќи предвид дека тој беше нејзин сопруг и човекот на кој му ги даде најдобрите години од животот, таа покрај тоа   реши да му даде уште една шанса – открива изворот Ало.рс

Izvor: Alo.rs