Анџелина Џоли ја продаде сликата на Черчил за 8,3 милиони фунти – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 9:47 AM

Анџелина Џоли ја продаде сликата на Черчил за 8,3 милиони фунти

Американската актерка добитничка на Оскар, Анџелина Џоли ја продаде сликата на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, која стоеше во нејзината колекција за 8,3 милиони фунти, пренесува Агенција Анадолија (АА.

Според веста на „Би-Би-Си“, „Колекцијата на семејството Џоли“, сликата „Кулата на џамијата Кутубија“, позната како единствениот пејзаж насликано од Черчил за време на Втората светска војна, ја продал на неименувано лице за 8,3 милиони фунти.

Сликата, насликана од Черчил е подарена на поранешниот американски претседател Френклин Д. Рузвелт, го одразува зајдисонцето на платното во топли тонови во Маракеш, Мароко.

Делото што го насликал Черчил при својата прва посета на Мароко во 1935 година, претходно имал купувачи за 1,5 милиони фунти.

Актерот Бред Пит, во 2011 година уметничкото дело го подари на поранешната сопруга, Анџелина Џоли.