Автобус падна во провалија во Боливија: 21 загинат, 20 повредени – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 9:24 AM

Автобус падна во провалија во Боливија: 21 загинат, 20 повредени

Во јужноамериканската држава Боливија дојде до тешка сообраќајна несреќа откако патнички автобус падна во провалија. Во оваа несреќа животот го загубија 21 лице, а 20 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во боливиските медиуми, возачот на автобусот, што од градот Кочабамба во централниот дел на земјата се движел кон Санта Круз, во местото Каломи ја загубил контролата над возилото и излетувајќи од патот, паднал во провалија.

Претставниците на власта информираа дека во несреќата животот го загубиле најмалку 21 лице, а 20 лица се повредени.

Откако се спаси од авионска несреќа, се спаси и од автобуската несреќа

Од друга страна, се дознава дека едно од лицата повредени во оваа несреќа е Ервин Тумири, преживеаниот од авионската несреќа во која авионот со бразилски фудбалери се урна во Колумбија на 29 ноември 2016 година.

Тумири, кој во автобуската несреќа претрпе полесни повреди на грбот и колениците, изјави: „Уште благодарен сум му на Господ што уште еднаш преживеав. Докторите ми рекоа ‘Вие сте ангел чуван од Господ’.“

Во споменатата авионска несреќа во која авионот со бразилски фудбалери падна во Колумбија, во авионот се наоѓале 81 лице, а пет лица го преживеаја падот на авионот.