Вил Смит размислува да се кандидира за претседател – ќе почекам прво да се исчисти Белата куќа – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 7:18 PM

Вил Смит размислува да се кандидира за претседател – ќе почекам прво да се исчисти Белата куќа

Вил Смит (52) зборувал за своите политички амбиции. Иако е и повеќе од успешен како актер, Смит не ја исфрла можноста да се кандидира на изборите.

На прашањето дали би сакал да се пресели во Белата куќа, актерот се насмеал и рекол: „Мислам дека сега ќе почекам малку да се „исчисти“, а потоа ќе почнам да размислувам за тоа.“

Како што рекол има силен став, полн со оптимизам и надеж, има разбирање за луѓето, верува во хармонија.

„Апсолутно имам мислење, оптимист сум, се надевам, верувам во разбирање меѓу луѓето и верувам во можноста за хармонија. Секако ќе го одработам својот дел од работата, без разлика дали тоа ќе остане уметнички или, во некој момент, потфат во политичката арена, рекол Смит.

Извор: Телеграф.рс