Не е ни чудно што жените се луди по него: Хрватскиот заводник на романтичен одмор на Малдиви – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 5:39 PM

Не е ни чудно што жените се луди по него: Хрватскиот заводник на романтичен одмор на Малдиви

Хрватскиот музичар Стјепан Хаусер (34) објави неверојатни фотографии на социјалните мрежи, а посебно внимание предизвика неговата девојка која изгледала како вистинска морска сирена.

Тие веќе неколку дена уживаат на егзотичните Малдиви, а музичарот се труди секој дел од нивниот одмор да потсетува на вистинска романтична бајка, иако засега не се знае нејзиниот идентитет.

Хаусер на својата избраничка и приреди одмор за паметење и целата убавина на морската магија ја сподели со следбениците на социјалните мрежи.

На Инстаграм една сцена потсетува на сцената од филмот Титаник, каде заедно стојат на палубата.

Она што остава без здив е кога тој и неговата партнерка пливаат под вода, додека таа на себе носи костим како морска сирена.

-Ја барам својата морска сирена, напишал Хаусер.