Активиран вулканот Синабунг во Индонезија – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 10:00 AM

Активиран вулканот Синабунг во Индонезија

Активиран е вулканот Синабунг кој се наоѓа во индонезискиот остров Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на индонезиската новинска агенција Антара, вулканот Синабунг во утринските часови исфрлил пепел и чад, кои достигнале височина до околу 3 километри.

Се истакнува дека овој вулкан за прв пат по 23 август во 2020 година покажа голема активност.

Нема жртви во случајот.

Во Индонезија последно во јануари настанаа експлозии на вулканот Мерапи кој се наоѓа на островот Џава.