Онлајн консултација за работата на Секторската работна група за животна средина и климатски промени – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 7:39 AM

Онлајн консултација за работата на Секторската работна група за животна средина и климатски промени

Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” денеска ќе се одржи онлајн секторска консултација на тема  „Ефектите од работата на СРГ за животна средина и климатски промени и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите”.

На настанот најавено е обраќање на Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на ФООМ, Блаже Малески од независната  истражувачка организација Реактор, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, Никола Бертолини раководител на секторот за соработка во ДЕУ и Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка во Еко Свест. Модератор на групата е Јасмина Јакимова од Радио МОФ.

Од 10 до 11 часот предвидено е обраќање на говорниците, а потоа следува дискусија. Настанот е достапен да се проследи на следниот линк.

 

 

 

Фото:

ec.europa.eu