Не е секогаш здрав – кога не смее да се конзумира ѓумбир? – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/21 11:43 PM

Не е секогаш здрав – кога не смее да се конзумира ѓумбир?

Ѓумбирот е здрав и веројатно повеќе пати сте прочитале како се користи за готвење, а како за разубавување. Сепак во некои случаи не смеете никако да го користите.

Ѓумбирот е растение која ги јакне мускулите и го стимулира варењето на храната, доколку сте бремени, може да доведе до предвремени контракции и болки. Во рана бременост ѓумбирот може да ги намали мачнините, но во последните три месеци од бременоста немојте никако да го користите.

Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата и протокот на крвта што е одлично за оние кои имаат дијабетес или проблеми со дебелина. Но за оние кои имаат проблем со коагулација на крв може да биде навистина штетен и може да доведе до обилно крварење дури и кај мали повреди, исто така може да го неутрализира дејството на некои лекови.

Доколку земате лекови за висок крвен притисок, ѓумбирот може да има негативно дејство бидејќи г намалува притисокот. Ѓумбирот го намалува ефектот на јаките лекови како што се бета-блокатори, антикоагуланси и инсулинска доза.

Лицата кои се обидуваат да се здебелат, да додадат некој килограм, никако не би требало да конзумираат ѓумбир бидејќи е полн со влакна, Ph вредности кои го намалуваат апетитот и го одржава нивото на мастите.

Извор: Информер.рс