Струмичката полиција вчера попладне прекина свадба со околу 300 гости во населеното место Банско која домаќините ја правеле во семеен двор. И покрај забраната за групирања тие одлучиле да го направат свечениот чин според сите адети и традиции за својот 26 годишен син за што имале ангажирано и музика. Полицијата по дојава дека се прекршуваат здравствените протоколи направиле контрола шри што констатирале дека имало групирање.
,, По претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик. Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, изјави портпаролот на СВр Струмица Александра Трајанова кој информираше дека за настанот бил известен и јавен обвинител
Ова не е прв случај за групирања и организирање забави. Завчера полицијата упадна во приватен дом каде се организирале забава на која биле пристуни 11 лица. За нив по комплетирање на случајот ќе бидат поднесени пријави бидејки непостапувале според здравствените прописи за време на епидемија.
В. Трајков