Уапсен доскорашниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/21 1:15 PM

Уапсен доскорашниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу

Екс-претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, уапсен е денес во каталонската престолнина, пренесува шпанска „Cadena ser“.

Покрај него, полицијата ги уапси Оскар Граи и Роман Понти, обвинети за скандалот „Барса Гејт“, во кој клубот најмил и платил компанија да ги „оцрнува“ во јавноста сопствените играчи (вклучувајќи го и Лео Меси) и политичките опоненти.

Во моментот на апсење Бартомеу бил во сопствениот дом, а попрецизни детали за полициската акција се очекуваат во текот на денот.

Полицијата го истражува овој случај откако за првпат во медиумите се појави ваквата шокантна информација. Бартомеу и неговите соработници ќе одговараат пред властите за „перење пари“ и корупција.

 

 

 

Фото:

cadenaser.com