Од Министерството за здравство потврдиле дека Кина ѝ ги врати парите на Македонија за вакцината на „Синофарм“, објави Канал 5.
„ Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината „Синофарм“, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против ковид-19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја – велат од Министерството за здравство.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера објавија дека имаат информации оти е вратен авансот кој Владата го платила до кинеската фирма. Од партијата потенцираа дека имаат информација дека Македонија нема да ги добие кинеските вакцини во наредниот период.