Во српските медиуми последниве денови се погласни се шпекулациите дека пејачката Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со нејзината млада босанска колешка Џејла Рамовиќ, на која и беше ментор на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“. По бројните тврдења на некои луѓе кои наводно ја потврдиле љубовната врска на Марија и Џејла, Шерифовиќ се огласи.
„Не планирав да ги коментирам сите овие написи што ги преплавија медиумите во последните 5-6 дена. Сепак, бидејќи гледам дека сега започнаа да се вклучуваат измислените изјави на нашите семејства, па морав да реагирам . Никогаш не било тајна дека по натпреварот се разви големо пријателство меѓу нашите семејства, кое нема да заврши поради нечии лоши или луди идеи или изјави. Значи, сè што сте прочитале и што ќе прочитате е една голема лага. Има нешто што навистина ме изнервира, не е фер да ставате зборови во устата на татко ми, човекот кој моментално е во болница и чека операција. Затоа, срам да ви е, поздрав до сите “, рече Марија.
Извор и фото: nova.rs