Лола Балашевиќ, најстарата ќерка на Ѓорѓе Балашевиќ е неутешна после смртта на нејзиниот татко и на Инстаграм споделила снимка со нејзината сестра и ротителите која е направена во доцните 80-ти и почетокот на 90-тите.
На сминката се Ѓорѓе, Оливера, Беба и Лола, а двете девојчиња зборуваат за љубовта спрема својот татко и тоа што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
„Најмногу го сакам тато како тато, вели малечката Лола на снимката, а истата реченица ја споделила и во описот на видеото.
Стотина нејзини следбеници посебно ги допрел плачот кој се слуша во позадина и издишките на Лола Балашевиќ.
Многумина и пишаа дека плачат додека го гледаат видеото.
View this post on Instagram