Дурант се повреди, Сабонис ќе „влета“ на негово место на „Ол Стар“ мечот во Атланта – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 11:27 PM

Дурант се повреди, Сабонис ќе „влета“ на негово место на „Ол Стар“ мечот во Атланта

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурант, ќе го пропушти овогодинешниот „Ол Стар“ меч поради повреда на тетивата на левата нога, соопштија денес од неговиот клуб.

Датумот на враќање на терените на некогашниот двоен освојувач на прстен со Голден Стејт Вориорс, засега е непознат, а неговата замена за натпреварот што ќе заземе место на седми март во Атланта, ќе биде крилниот центар на Пејсерси, Домантас Сабонис.

Кошаркарските критичари ионака го посакуваа Литванецот помеѓу елитата во Атланта, сметајќи дека неправедно е изоставен од изборот. Сепак Сабонис нема да директно да влета во првата петорка на Истокот. Фантастичниот кошаркар на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, ќе стартува во неделата преземајќи ја улогата на легитимниот кандидат за МВП во кампањата 2020/21.

 

 

 

Фото:

indycornrows.com