Капитенот на актуелниот англиски шампион, Џордан Хендерсон, ќе отсуствува 10 недели од терените поради повредата на „дербито на Мерсисајд“ против Евертон претходното коло.
Триесетгодишниот фудбалер мораше предвреме да ја напушти играта во поразот од градскиот ривал со 0:2 и му создаде дополнителна главоболка на Јурген Клоп пред круцијалниот дел од сезоната.
Хендерсон се приклучи на листата на повредени фудбалери кои ја сочинуваат Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез, Џоел Матип и Фабињо, додека пак португалскиот репрезентативец Џота конечно се врати на тренинзите и би можел уште викендов да се најде на поширокиот список на германскиот стратег.
Некогашниот играч на Сандерленд успешно беше опериран и се очекува да ги пропушти мечевите за англиската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, пренесува „BBC Sport“.
Добата вест е што повредата не е од сериозна природа и играчот од средината на теренот ќе заигра повторно за Ливерпул во април годинава.
Фото:
football365.com