„Мојот татко за мене беше Бог“ – Марија откри што се подготвува за Џеј Рамаданоски – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 12:46 PM

„Мојот татко за мене беше Бог“ – Марија откри што се подготвува за Џеј Рамаданоски

Ќерката на починатиот пејач, Џеј Рамадановски, Марија Рамадановски не се помири со загубата на нејзиниот татко.

Иако планира да ги следи неговите стапки кога е музиката во прашање, таа истакнува дека се уште не одбрала песни.

– Сè уште не знам ништо. Дај Боже, ќе направиме и промоција, но се уште не знае ништо. Луѓето доаѓаат, нудат некои песни, јас избрав нешто, но сè сме во преговори. Глупаво е да се зборува однапред – рече Марија.

Таа исто така откри дека има некакви идеи за да се сними филм за нејзиниот татко.

– Има повеќе понуди за филм. Тие бараат сценарио од мене, и не знам кој би можел да го стори тоа како што треба. Од друга страна, не знам половина од неговиот живот и не можам да кажам како е роден, живеел во дом, што се случило со неговите родители … Јас ги знам основите, што цел Балкан ги знае и ништо повеќе од тоа – рече Марија и додаде:

– Секогаш ми недостасува татко ми. Бев опседната со татко ми, тој беше Бог за мене. Сега кога го нема, учам да одам. Тој управуваше со мојот живот, прашуваше за сè, а сега на 24-годишна возраст учам да се грижам за себе. Никогаш не ми се закануваше дека морам да сторам нешто, но кога ќе ми кажеше дека тоа е најдоброто нешто за мене, јас секогаш го слушав и тој секогаш беше во право. Освен него, немав изгубено некој близок . Искрено, се надевав дека ќе живее барем уште десет години, но, Божја волја е тоа. Тешко ми е, но се навикнувам – истакнува Марија.

За потсетвање, Џеј Рамадановски почина на 6.декември 2020 година како последица на срцев удар.

Извор: Курир.рс