УНИЦЕФ постигна договор со „АстраЗенека“ за обезбедување вакцини против Ковид-19 за 85 земји – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 10:49 AM

УНИЦЕФ постигна договор со „АстраЗенека“ за обезбедување вакцини против Ковид-19 за 85 земји

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпиша договор со „АстраЗенека“, со цел да се обезбедат 170 милиони дози вакцини против Ковид-19 за 85 земји, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди УНИЦЕФ.

Во соопштението се вели дека помеѓу УНИЦЕФ и „АстраЗенека“ е постигнат договор за обезбедување вакцини против Ковид-19 во име на Програмата за вакцини на Светската здравствена организација (СЗО), „Ковакс“.

Во рамки на потпишаниот договор, УНИЦЕФ од „АстраЗенека“ ќе обезбеди 170 милиони дози вакцини за 85 земји.