Откриен е полот на бебето на Меган Маркл и принцот Хари – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 5:44 PM

Откриен е полот на бебето на Меган Маркл и принцот Хари

Кога кон крајот на изминатата година во „Њујорк тајмс“ откри дека неколку месеци порано доживеала абортус, цел свет сочувствувал со војводката од Сасекс Меган Маркл (39) со самото тоа што во авторскиот текст навела детали од немилиот настан и до детали ја опишала болничката соба во која покрај сопругот лежела скршена од болка.

Иако мислела дека ќе им треба подолг период да закрепнат, само неколку месеци подоцна убава вест ја вратила насмевката на нивните лица.

По трет пат кон средината на есента, Меган останала бремена. Веста дека кралскиот пар на својот син Арчи ќе му подарат брат или сестра ја објавил нивниот портпарол на официјалната Инстаграм страница со црно-бела фотографија на лондонскиот уметник Мисан Хариман.

-Можам да потврдам дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војводката од Сасекс се воодушевени.

Нивни пријатели и членови на семејството велат дека сеуште неможат да се ослободат од стравот кој се јавил после абортусот. Многу се внимателни и ништо не препуштаат на случајност. Конечно се смириле на последниот ултразвук кога дознале дека повторно чекаат здраво момче, пишува Стори, додека наскоро планираат да се посветат на изборот на клиника во која ќе се породи Меган.

Извор: Курир.рс