Неколку луѓе ентузијасти кои на природата гледаат со поинакви очи, во однос на останатите кај, кои фрлениот отпушок од цигара или пак џебно ѓубре не е важна работа за природата, но чистата и здрава околина е нивниот приоритетен начин на живот.
„Сметлана“ е фејбук група во која се зачленуваат сите љубители на чиста и здрава животна средина и помагаат ѓубрето конкретно во нивните акции од Водно, да се исчисти и да се смести онаму каде што му е местото, однсоно во соодветна канта за отпадок.
Тие неодамна спроведоа акција на Водно, односно белите дробови на Скопје каде низ фотографии посочија како скопјани не знаат да се грижат и за највредниот прочистувач на воздухот кој што го имаме. Од оваа неофрмална група ентузијасти велат дека ѓубрето на Водно може да се мери со тони, но она со што последно се соочиле се стара фрлена облека и електроника. Акцијата на Водно е нивна веќе десетта по ред.
„Иницијативата е произлезена, а воедно и организирана од страна на една мала но значајна група на екологисти наречена СМЕТЛАНА. За жал Водно како една од најблиските и најпрометните дестинации за качување во Скопје многу често е нашата цел за чистење. Ѓубрето кое го поседува ова наше Водно речиси може да се мери во тони. Но, да не заборавиме дека истовремено постоиме и ние како Сметлана, тимот кој собира по повеќе од дваесетина вреќи за само 3 часа“, велат од Сметлана.
Свеста на граѓаните е најчесто причината поради која се собираат кубици отпад.
„Можеби една од причините поради која има ѓубре на одредени локации е недостатокот на канти, но сепак на Водно има такви места каде што во ноќните часови некои паркинзи преставуваат место за забави и дружби и тука еколошката совеста и свест е на минимално ниво“, сметаат од Сметлана.
Десетици акции спроведени се на Водно, но како љубители на планината и природата не ја исклучуваат можноста некоја од следните акции да биде и некоја друга планина.
„Да не заборавиме дека понекогаш наоѓаме и купови облека, мебел, електроника на која очигледно не и е место во кантите за отпадоци на Водно. До сега имаме спроведено повеќе од десет акции, но ние како планинари и почитувачи на аутдор активностите, често знаеме на симнување од некој врв од некоја планина, да ги извадиме нашите кеси од ранец и да го собереме ѓубрето на некои несовесни планинари, ловџија или друг посетител на таа планина“, велат од Сметлана и додаваат дека засега се фокусирани на Водно, но се спремни и за други планини кои имаат потреба од нивната енергија.
Велат приклучувањето во Сметлана е едноставно кога се работи за Водно.
„Граѓаните не гледаат и доволно е само да побараат еден пар ракавици и кеса, останатото е волја на духот. Фејсбук групата Сметлана е отворена за примање на енергични, спремни екологисти кои сакаат да ни се придружат и да уживаат во ослободувањето на товарот што го имаат планините, поради не совесноста, не едуцираноста и не одговорноста на граѓаните“, сметаат младите ентузијасти кои цврсто се решени дека Водно треба да дише.
Г.Д