Робинзон Крусо во 21. век: Живее сам 55 години на Тара, без струја и вода – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 10:26 AM

Робинзон Крусо во 21. век: Живее сам 55 години на Тара, без струја и вода

Во длабочината на планината Тара, кај селото Мокра Гора, под Попово Брдо, мала дрвена куќа, направена од десетте прсти на Драгиша Станишиќ. Овој планински човек, иако е 21. век, подолго од половина век живее без струја и вода, приспособувајќи се на тешките животни услови. Српскиот Робинзон Крусо живее целосно сам, без и маче или куче, а ноќни посетители му се лисици и диви свињи, пренесува „Србија данас“ (форо:Рина).

„Вода и струја нема, но навикнав на тоа. Се’ што треба да сработам го правам преку ден. Не можам да се пожалам, бидејќи сум здрав, а тоа е најважно. Легнувам кога сакам, станувам кога сакам. Мојот татко слеп живееше 14 години. Кога можел тој во целосен мрак како јас да се жалам. Вода веќе 55 гоини на грбот донесувам од близок извор и тоа ме одржува во живот“, вели самотникот од Тара.

Освен здравјето, најважна, според него е и слободата зашто се нагледал на војни и воени состојби. Живее од социјална помош од 9.000 динари.

„Како мали, бевме многу сиромашни. Се мачевме, одевме како аргати за да купиме опинци за да не одиме боси. Така поминуваше ден по ден и јас не се оженив. Размислував – кога јас како млад толку се мачев, би било нечесно да се мачат и моите деца. Имав една голема љубов, беше келнерка“, раскажува Драгиша.

Во текот на студената зима, единствен негов пријател е радио-приемникот на батерии.

„Ако го нема радиото, не би издржал. Тоа ми е и жена и деца, се’. Го наложам огнот, го пуштам радиото и легнувам на спиење. Можеби некој ќе помисли дека не сум ’тамам’ штом живеам на ваков начин, но јас сум задоволен. Не жалам ни за што , а собено не за пари. Тие ништо не ми значат“, вели Драгиша.