Лондон светски лидер: Секој десетти лондончанец има повеќе од еден милион долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 8:54 AM

Лондон светски лидер: Секој десетти лондончанец има повеќе од еден милион долари

Лондон го претекна Њујорк и, според бројот на доларски милионери, стана светски лидер во оваа категорија, според годишното истражување на агенцијата за недвижнини „Најт Френк” за најбогатите луѓе во светот.

Речиси 875.000 граѓани, или секој десетти жител на британскиот главен град, имаат по повеќе еден милион долари, јавува „Гардијан“.

Во исто време, бројот на сиромашните во Лондон е повеќе од 2,5 милиони (28 отсто), што значи дека има голем јаз межу богатите и сиромашните.

Извештајот покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, вредности и пари кои надминуваат еден милион долари, додека во сега второпласираниот Њујорк тој број е околу 820.000.