Во сенка на Лигата на Шампионите и би рекле поприлично досадната програма во среда навечер, фудбалерот на четвртолигашот Саутенд против Форест Грин постигна навистина спектакуларен погодок.
„Десницата“ на Менди против Аталанта заслужува пофалба, но она што го направи играчот од навалната линија на Саутенд не остава никого рамнодушен. Нејтан Фергусон ја освои топката отприлика некаде на средината на теренот и веднаш како „од пушка“ стрелаше кон противничкиот гол.
Голманот на Форест Грин се истегна и извлече максимум, а сепак не го спречи ударот на Фергусон и не се попречи на патот на легитимниот кандидат за гол на сезоната во Англија.
Yes, the Champions League is on…
But have you seen Nathan Ferguson’s goal for Southend United tonight? 😱pic.twitter.com/EvrV50T0C0
— Goal (@goal) February 24, 2021
Подалеку од очите на јавноста, скапите тимови и двобои помеѓу 200 милионски тимови, некој, некаде игра фудбал и ужива во истиот на вистински начин.
Фото:
bbc.co.uk