Христијан Мицкоски докажан губитник и потрчко на Мијалков и Груевски може посветено да работи само на одбрана на криминалот и на ширењето на лажни вести. Една од нив е и неколкупати повторената лага дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Собранието, велат од СДСМ.
-Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски. Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39 колку што се потпишаа зад неговата поддршка и 53 пратеници од целата опозиција во Парламентот кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров. Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кој не веруваат ниту во неговата партија, стои во реакцијата на владејачката партија.
Според нив Мицкоски досега треба и да знае дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина, а вистината е дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.