Американската актерка Дру Баримор (46) се прославила уште како шестгодишно девојче во филмот „E.T. the Extra-Terrestrial“, класика на Стивен Спилберг, но и покрај гламурозното растење, немала лесно детство.
Во разговор со познатиот радио водител Ховард Стерн актерката раскажала бројни детали за своето растење кои нејзините обожаватели не ги знаеле, а најмногу одекнала приказната за нејзината мајка Џејд Баримор (74) која Дру како 13-годишно девојче ја однела во психијатриска болница и таму ја оставила дури 18 месеци.
-Денес затоа толку малку се смеам кога ќе ги слушнам овие приказни за холивудските ѕвезди и 30-дневна програма во Малибу. Тоа е ништо за она што јас сум го поминала и во таа институција во 80-тите не беше шега. Разбирам до некаде зошто го направила тоа, но мислам дека е виновна за многу работи кои подоцна ми се случија во животот и кои ме обликуваа, раскажала славната холивудска актерка.
Таа појаснила дека во раните тинејџерски денови била проблематична. Отсуствувала од училиште, бегала од дома и популарноста во такво време ја одвеле во погрешен правец. На крајот и опростила на нејзината мајка, но долго не разговарале. Со своите деца, како што рекла, актерката се обидувала во животот да изгради сосема поинаков однос.
Извор: 24sata.hr