Освен тутунарите, Владата во пакетот антикризни мерки за заштита од економската криза треба да ги вметне и градинарите, овоштарите лозарите. И тие трпат штети од пандемијата предизвикана од вирусот ковид 19. Вака вели Драги Памуков, земјоделец од задругата Веге Фреш од Куклиш. Според него, на градинарите финансиска инекција им е потребна бидејки веќе го спремаат новиот производствен циклус за кој пак значлително се зголемени цените на репроматријалите.
Памуков и со конкретен предлог до институциите како да им се помогне не само на градинарите туку и на останатите. Предлага до мај поврат на средства по основ на купени репроматријали со доставени фискални смекти. На тој начин контрола врз земјоделските аптеки, а земјоделците ќе добијат некаква помош
Со зголемувањето на цените на нафтените деривати последниве две недели, дел од вештачките ѓубрива и препарати низ земјоделските аптеки скокнаа, а поради пандемијата со ковид-19 на глобално ниво земјоделците во неизвесност како ќе тече пласманот и извозот на зеленчук.
В. Трајков