Рускоска: Требаше ли да седам кај Мијалков пред врата – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 8:14 PM

Рускоска: Требаше ли да седам кај Мијалков пред врата

Обвинителката Вилма Русковска вечерва за медиумите изјави дека се радува што обвинетитот Сашо Мијалков реши сам да се пријави. Тој пратил порака преку други луѓе дека сака да се пријави.

-Јас се консултирав со Јавниот обвинител, и тој рече дека може да се пријави и кај нас и од кога е дојден до сега е обезбедуван од истражителите, рече Русковска.

На прашањето кој го натерал да се предаде и каде бил овие денови, Русковска рече дека не се видела со Мијалков, ниту дали навистина е болен. Во разговор со адвокатот негов заклучиле дека направил грешка што не се појавил два дена и незнае каде бил.

Исто така рече дека не верува во изјавата на Мијалков дека имал температура, тука бил и не знаел дека го бараат, а на прашањето дали мисли дека ова е срам за правосудниот систем и полицијата, Русковска одговори:

-Ние не спроведуваме наредби за приведување и за притвор. Дали јас требаше да стојам кај него пред врата?, рече Русковска.