Потрагата и појавата на Сашо Мијалков предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, кои не може да се дочитаат. Од вчера не престануваат хумористичните коментари и твитови за Мијалков, за државата, за политичарите…
Еве дел од нив:
Бев до Врање да се вакцинирам, успут до Лидл.Не дигајте паники, се враќам вечер! Сашо..
———————————————————————————————————————————————————–
Сега домашен притвор! Да види со кого си има работа тој ќе си игра..Држава сме или што сме, нека скапува ко Катица и Боки дома!
——————————————————————————————————————————————————————-
Па зошто вие се фалите со преземените активности ако самиот се пријавил? Или цело време бевте во контакт и го убедувавте самиот да се пријави, за поблага казна?
—————————————————————————————————————————————————————
Браво премиере,само заради вашата разочараност тој се врати.
————————————————————————————————————————————————————-
За малку Оливер се јави пред Сашо. Најверојатно Сашо се исплаши од пресот на Оли.
———————————————————————————————————————————————————-
Ајјј душиии,која заебанција од “држава”…
———————————————————————————————————————————————————
Не успеаја да го уапсат и кога одеше пешки кон обвинителството, а симтоматично е како Мишко се најде пред Мијалков. Изгледа е тој “најинформиран”.
——————————————————————————————————————————————————————-
Заев јел се дрогираш? Која акција бе…Човек сам се пријавил ти објавуваш акција, дај бе нацртај си шума изгуби се што подалеку.
————————————————————————————————————————————————————-
Сам да не дојдеше и да ви се изнасмееше во фаца немаше никад да го најдете.
——————————————————————————————————————————————————
Kо ќе ми текни дека синоќа во гепеци го бараа..
—————————————————————————————————————————————————–
Том и Џери не ви се ни до колена.
————————————————————————————————————————————————–
Се смеат и се чудат французиве, велат “државата ви е фарса, никој за ништо не поднесува одговорност, за вакво нешто не министер цела влада паѓа”. Бруки сте. Циркузи
——————————————————————————————————————————————
Не за џабе рекле ,,пушти го ако те сака ќе се врати”.
————————————————————————————————————————————————————
Јас па очекував Селфи со братучедот во Унгарија.
3500 униформирани и 500 цивили не можат да го пронајдат +43 саати објектот каде бил во изолација за да му го врачат решението за куќен притвор
–
Каква пародија, мама си расплакаа Обвинителство и МВР + АНБ кој е одговорен за бегството 🤣🤡🤠🎪🤖 pic.twitter.com/H11V2x29PF— Демир (@Trollowsky) February 23, 2021
Официјалната преписка помеѓу Оливер Спасовски и Сашо Мијалков… 👇👇👇 pic.twitter.com/IeLk9i6nQj
— Duchess🏴 (@arthurgordonpy3) February 22, 2021
Ај да го изгледам уште едно десетина пати. Ова ни Тарантино не би можел да го изрежира.
За Сашо Мијалков – Оскар, за Мишко – Мито Хаџивасилев-Јасмин, за нас… рачка од тапан, ама онаа подебелата.
— Џон Фалстаф (@JohnFalstaffMKD) February 23, 2021
Ситуацијава со Мијалков: pic.twitter.com/fimR0I1v26
— Брада (@legovski) February 23, 2021