Најдобриот тенисер по 9 -ти пат ја освои титулата на Австралија опен, а ден по големата победа, тој имаше можност да разговара со детенце кое беше во улога на новинар. Многумина се прашуваа кое е момчето кое има толку голема чест. Станува збор за Андрија Михајловиќ, момче со српско потекло, кое многу добро се снајде во „работата“.
Малиот Андреј го праша најдобриот теисер на светот како се забавува дома, а Ѓоковиќ гордо одговори:
– Имам две прекрасни деца, Стефан кој има шест години, Тара има три. Минувам многу време со нив, рекол низ насмевка Новак.
Исто така малиот Андреј го праша Ѓоковиќ како се фокусира на мечот?
– Се фокусирам на дишењето. Постојано дишам. Кога размислуваш на тоа и се фокусираш, можеш да ја подобриш функционалноста и тоа е еден од најлесните трикови за фокусирање, изјави најдобриот светски тенисер на сите времиења.
Малиот Андреј го праша Ѓоковиќ кого би однел на вечера од познатите личности?
– Мајкл Џордан, брзо одговори Ѓоковиќ.
Извор и фото: Ало.рс