Лекарите во Прилеп се вакцинираат, болницата активирше уште еден ковид-оддел – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 6:33 PM

Лекарите во Прилеп се вакцинираат, болницата активирше уште еден ковид-оддел

Во тек е вакцинацијата на здравствените работници од прилепската болница кои деновиве одат на пунктот за вакцинирање во Скопје.

Според директорот на прилепската болница Драган Богојески од утре ќе заврши примањето на првата доза вакцина против Ковид-19, а болницата им обезбедила превоз за патувањето во Скопје.

-Беа пријавени околу 230 здравствени работници од болницата. Но, за секого посебно мораше повторно да биде направена анкета со нив, дали сакаат и се во можност даја примат вакцината, и од тој број 230, конечно се вакцинираат околу 150 здравствени работници од болницата. Почна во петокот. денеска е вакцинирана една голема група, околу 50-ина. Упште толклу ќе се вакцинират и утре кога ќе заврши нивната вакцинација. Болницата им обезбеди превоз и се вакцинираат на пунктот во модуларната болница во кругот на Инфективната клиника. Јас се вакцинарав меѓу рпвите, во петокот. Немам никави проблеми, ниту симптоми и пораката е дека здравствените работници вака ќе се заштитат. Оваа е бројката на медицински персонал кој се вакцинира, зашто голем дел го прележаа вирусот и треба време да помине од периодот на заздравување. Во болницата се околу 500 вработени, објаснува Богојески.

Во Прилеп последната недела рапидно расте бројот на новозаразени, има по педесетина и повеќе дневно и поради тоа покрај инфективното и ковид- одделот во одделението за уво, нос и грло, од денеска е активиран и одделот на интерното одделение.

–  Расте бројот на новозаразени во градот, главно поради непочитувањето на заштитните мерки и во моментов се хоспитализирани 54 пациенти. Поради тоа, покрај Инфективното и ковид-одделот на одделението за уво, нос и грло од денеска е активиран и одделот на интерното одделение во болницата, вели Богојески.

За вакцинација повик чекаат здравствените работници од Здравствениот дом и од Центарот за јавно здравје. пријавени се преку 100 здравствени работници.