Селекторот Александар Тодоров ги одбра 12. кошаркари за мечот на одлука денеска против Естонија (15 часот). Машката сениорска репрезентација ќе тргне во решавачка битка за пласман на Европското првенство со истата група на играчи кои стигнаа до победата над Италија вчера, прва во квалификациската група.
Влогот е голем, па селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува не треба да се менува, па денеска, во Арената „Молот“ во Перм, ќе истрчаат истите 12. кошаркари кои вчера ја совлада Италија (87:78).
Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски се играчите кои треба на Македонија да и донесат нов пласман на Евробаскетот.
За тоа ќе мора да се победи Естонија со десет поени разлика или повеќе затоа што во Скопје претходно загубивме со 72:81.
На натпреварот со Италија повреда забелеќа најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ. Тој мораше да биде изнесен од теренот и постојат стравувања дека можеби нема да биде подготвен за денешниот меч. Селекторот Тодоров реши да ризикува и да го вметне во ростерот затоа што влогот во овој натпревар е преголем.
фото: КФСМ