Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од свои доброупатени извори.
Досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.
Но, како што понатаму информира Фокус, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно, па полицијата го барала и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син.
Алсат, пак, информира дека МВР издала потерница за Мијалков и дека телеграмата е испратена до сите гранични премини.