И небото заплака по панонскиот морнар, но дождот не го спречи Скопје да се прости од Ѓорѓе Балашевиќ.
Обожавателите тивко од минута во минута се собираа пред Универзалната сала и палеа свеќи во чест на големиот поет и музичар. Солзи и неверување, дека големиот поет замина на небото, меѓу ѕвездите.
Скопјани ќе го паметат по песните кои ја допираат душата. Со овие стихови се раѓале најмолемите љубови, но и разделби и затоа со громогласен аплауз се простија од легендарниот пејач.
Балашевиќ почна вчера на својата 67-годишна возраст на Инфективната клиника каде пред некоку дена бил хоспитализиран, по десетдневното лекување во домашни услови.
Панонскиот морнар ќе биде погребан во понеделник, а денот на погребот ќе биде прогласен за ден на жалост во Нови Сад.
Мирно небо, морнару!
Весна Петровска
Фото: Вангел Тануровски