Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри во сала – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/21 5:52 PM

Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри во сала

Македонскиот атлетичар кој се натпреварува на трки на средни и долги патеки, Дарио Ивановски, стана нов балкански шампион на 3.000 метри во сала.

На денешното Балканско првенство во затворен простор (сала) во Истанбул, Турција, Ивановски го освои првото место и златниот медал со резултат 8:03:95. Нашиот атлетичар се искачи на тронот и оствари подобро време од второпласираниот Чихат Улус од Турција и третопласираниот Словенец, Вид Ботолин.

Ивановски за седум дена ќе настапи и на Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Торун, Полска.

Фото:
Facebook / Скопски маратон