(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Владата нема да се распадне поради личните карти – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/21 3:06 PM

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Владата нема да се распадне поради личните карти

Пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето БЕСА, во гостувањето на емисијата „Стадион” на Радио Канал 77, зборуваше за законското решение етничката припадност да биде запишана во лична карта. Тој вели дека со овој предлог не сакаат никого да жигосуваат, туку даваат можност на тие што тоа сакаат тоа да  го направат.

„Да дадеме можност, тој што сака да ја истакне и етничката припадност, така што не гледам никаков проблем, нешто што не е забрането според Уставот и Законот на државата да не се овозможи некој да го искористи тоа право”, вели Реџепи.

Тој додава дека ги разбира тие што се против, бидејќи им пречи тоа некој да биде напишан Албанец или во некоја друга етничка заедница, и така мешаат поими што е држава, што е државјанство, што е етничка припадност.

„Забораваат дека народите и етничките припадности се наведени  во Уставот, Македонија е мултиетничка држава каде што живеат повеќе заедници, повеќе народи, сметаме дека ова ќе биде општа вредност плус, за да им се овозможи идентификација и со нивната
етничка припадност во официјален докумет. Пак напоменувам по избор и по
желба. Македонецот што не сака да му пишува дека е Македонец ние нема да го натетраме, ниту Албанецот, Турчинот, Влавот, Ромот, Србинот што живее овде”, додава Реџепи.

Тој потенцира дека овој предлог е поднесен уште на 18 декември 2020 година, но дури сега после два месеци се дебатира за предлогот иако досега имало доста време да се кажат мислења, но тоа не се случило.

„Што е најинтересно ние имавме седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, ниту таму никој не спомна, а таму имавме претставници од сите етнички заедници пратеници, никој не спомна за некаков проблем”, вели Реџепи.

Тој во емисијата „Стадион’ се огради од секаов говор на омраза и дезинформации, за кои алудираше дека беа искажани од старна на гостинот од Левица, Борислав Крмов.

„Емисијата има име „Стадион”  и еве вие ме вклучувате во 80 –та минута да учествувам во натпреварот, во Стадионот е дозволено и може да се искажат некои позиции кои не се долични од публиката, но учесниците во натпреварот се сакнционираат од судијата на натпреварот и не им се дозволува да изнесуваат квалификации и дисквалификации кои се сведени на говор на омраза и дезинформации. Посебно колегата од Левица, кој е пратеник и не смее да си дозволи да
изнесува невистини и да не врати во некои времиња каде сме имале нарушени меѓуетнички односи”, изјави Реџепи.

Што се однесува до мислењето на евроамбасадорот Дејвид Гир, Реџепи вели дека тој зборувал за регулатива за земјите членки на ЕУ, но доколку ваквиот предлог го попречува патот кон Европската интеграција, тој вели дека тогаш ќе бидат подготвени да разговаат дали треба или не треба ваквиот законски предлог да стане реалност.

„Ние уште не сме почнале со преговори за пристапување кон ЕУ и доколку во текот на процесот имаме јасно конкретизирано кажување дека етничката графа во лична карта би било
„бенџмарк” и би го попречувало патот на интеграција на државата тогаш ние би биле подготвени да разговараме дали треба или не треба. Но во моментов документите за идентификација, личните карти се за внатрешна употреба, не се користат во ЕУ. Во повеќе држави и во Европа, но и во светот има разни модели на документи на идентификација, не мора да има универзална формула. Најважното е дека ова не е забрането и не во судир со Уставот и законските прописи. Местото за дебатирање и корегирање и на нашиот предлог со сугестии е Комисијата за политички систем со предлози и аргументи, а не само да поднесуваат амадмани за блокирање, како што прави Левица”, вели Реџепи.

На прашање дали е дискриминирачки за другите кои не се во Уставот дека не можат да се запишат, како Црногорци, Хрвати, Бугари , Реџепи вели овој момент е дел од дебата кој треба да да се разговара за заедниците кои не се наведени во уставот, но во пописот се попишуваат. Тој вели дека треба  и тоа да се регулира. Не е точно дека тие нешто барале за Албанците, а за другите не, туку да важи и за сите.

Не се точни информациите дека колицијата со СДСМ е „климава”, тој потенцира дека предлогот датира уште пред две години, и биле во комуникација со коалиционите партнери, но и со другите
политички партии.

„Јас лично сум го презентирал законот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и мило ми е што тие го поддржуваат проектот. Во Парламентот гледаме дека има апсолутно мнозинство, и од опозицијата, освен од Левица кои со деструктивно делување сакаат да добијат мали политички поени“, вели Реџепи.