Во Африка бројот на починати од Ковид-19 надмина 100.000 – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/21 11:38 PM

Во Африка бројот на починати од Ковид-19 надмина 100.000

Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 100.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.823.763.

Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 100.469.

Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.361.321 лице.

Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко, Египет, Нигерија и Етиопија.