Деновиве во Македонија беше многу студено, а утринските минимални температури во Битола и во Берово паднаа под -20 степени. Кога и каде била регистрирна најниската температура во Македонија, а кога и каде највисоката? Се разбира, откако се мерат температурите кај нас.
Најниската регистрирана температура е измерена на 27 јануари 1954 година. Тогаш температурата во Берово паднала на минус 31,5 Целзиусови степени.
Температурниот максимум, пак, откако се мерат температурите во земјава, е регистриран на 24 јули 2007 година, кога во Демир Капија се измерени плус 45,7 степени. Истиот ден во Скопје температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип, 40,2 степени во Крива Паланка…
Температурите во Македонија, според УХМР, официјално се мерат од 1948 година. Имало мерења и порано, но не е сигурно колку се прецизни.