Сузан Болј на врвот од својата кариера добила помеѓу останатото и цел тим од професионалци кои имале задолжение од домаќинка да направат ѕвезда. И одеднаш Сузан се претворила во ѕвезда, секогаш најдобро облечена, средена фризура и потполен изглед.
Вечерта кога било финалето, кога цел свет бил уверен дека таа ќе биде победник на емисијата „Британија има талент“, таа губи и истата вечер завршува во болница. Излегла со дијагноза депресија, а после излегувањето отишла во манастир во Шкотска.
Од тогаш малку се појавувала во медиумите. Се до моментот кога се појавила најава дека е спремна за враќање на сцената. И се вратила таму каде што почнало се, во „Британија има талент“, каде што ја отпеала песната која ја прославила „I dreamed a dream“. Со тоа прославила 10 години од своето прво појавување со кое стекна светска слава.
А за тие 10 години Сузан навистина се променила. Сега е елегантна, стилизирана, а видливи се и некои естетски корекции на нејзиното лице. Сузан живее далеку од очите на јавноста, а како што рекла се повлекла бидејќи не можела да поднесе толкав притисок од популарноста.
-Мојата цел е едноставна-да имам добри пријатели и семејство околу себе и да уживам во парите кои ги заработив, без грижи дека повторно нема да можам да ги платам сметките за струја и греење. Бев во таква ситуација, кога не можев да ги платам сметките, откако почина мајка ми, пред да се појавам на „Брританија има талент“. Мојот најголем став е да се вратам на тоа, затоа така се трудам да трошам разумно, рекла Сузан.
Сузан како возрасна дознала дека боледува од Аспергеров синдром, поради што, како што објаснила „понекогаш имала чудни реакции во јавноста“. Но тоа не влијаело на нејзината кариера. Богатството на Сузан е проценето на 40 милиони долари, а таа одбила да се пресели во луксузна куќа, но купила куќа до својата, па ја проширила и направила за себе куќа со шест спални соби. Покрај тоа има и четири фирми кои годишно и носат приходи од нешто повеќе од три милиони долари.