Кој Горан Гаврилов ќе земе 20.000 евра премија од ФФМ? – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/21 12:30 PM

Кој Горан Гаврилов ќе земе 20.000 евра премија од ФФМ?

Секој ден познати ми се јавуваат на телефон и ме тераат да частам затоа што од ФФМ сум добил 20.000 евра, вели Горан Гаврилов,  сопственикот на радио  „Канал77“. Драмата во неговиот живот се случува откако на социјалните мрежи се објави список на членови на ИО на ФФМ, кои треба да добијат премии од 20.000 евра.  Јавноста беше шокирана од износот на премиите, особено од прашањето -за што ќе добијат толку многу пари и со што ги заслужиле.

-Лугето се шокирани и секој ден ми ѕвони телефонот. Некој ми вели „ај честито, па да частиш, многу пари се тоа“! Друг ќе ми се јави ќе ми рече „со што ги заслуживте овие пари, срамота е“! Има и позитивни и негативни коментари. Дури и ми велат- ај честито, од кога се пикна таму, криеш не кажуваш. Мене на почетокот ми беше смешно, но кога почнаа негативните коментари, дури тогаш дознав дека има човек со кој делиме исто име и презиме, вели Гаврилов од „Канал77.

ММС го пронајде другиот Горан Гаврилов, кој според коментарите на социјалните мрежи е тој што е член на УО на ФФМ и кој очекува премија од 20.000 евра. Овој Гаврилов е од Пробиштип и е соственик на угостителски објект.

-Не сум изненаден што не мешаат, сепак, делиме исто име и презиме, а еден со друг немаме врска. Знам за Гаврилов од Штип, лично не се познавам со него и драго би ми било да се запознаеме, да испиеме по едно кафе. За тоа имаме пари, не ни треба ФФМ, се шегува Гаврилов и додава:

-Јас сум четири години член на УО на ФФМ и за ова со парите нема ни што да докажувам, ни кажувам. Не сум земал 20.000 евра, тој список се шири на социјалните мрежи без потпис и печат. Премии земаа фудбалери и стручни штабови, а за нас не знам дали воопшто ќе има. Што друго да кажам. Секој сака да седне на ова место, и не знам што е спорно со премиите, бидејќи се покажаа супер резултати.  Агенција за спорт и и млади ја прогласи за најдобра Фудбалската федерација, вели Гаврилов од Пробиштип.